Вести Македонија

Дуковска: Одењето во продавница чини многу повеќе од парите социјијалните семејства ги добиваат како државна помош

Граѓаните чувствуваат нешто друго кога ќе појдат во продавница, и не можат да ги согледаат бројките како „толку пораснале трошоците за живот, толку пораснала и минималната плата“.

  • Одењето во продавница чини многу повеќе од парите кои ги добиваат како гарантирана минимална помош (ГМП), или просто кажано , ако основицата била 5000 денари, тие 14% се 500 и нешто денари, вели Билјана Дуковска од Платформа против сиромаштија. Ниту претходната ГМП што ја земале, ниту со покачувањето, овие луѓе не можат квалитетно да живеат, да можат да се облечат, да се стоплсат и да се соодветно активни. Секако дека не може да се оди со зголемувањето на помошта до бескрај и да се руши пазарот на труд, но одредени дополнувања како во храна, во енергија, или училишен оброк на децата, нешто што ќе го олесни семејниот буџет, би било подобро, за разлика од провизорно израмнување на трошоците кои не се доволни. Давањето ваучери, за струја, но тоа се средства кои не се доволни затоа што не се соодветни за потребите за нормален достоинствен живот, кои мерките треба да го носат, а не само ставање пари. Покачувањето на помошта за сиромашните треба да е дел од сет кој ќе заокружи циклус за поддршка на семејствата, а не само мерења на проценти.

Душан Томшиќ од Министерство за труд и социјална политика пак смета дека е потребно повеќе инвестиција за луѓето од оваа ранлива категорија во општеството да влезат на пазарот на трудот. Тој објаснува дека социјалните семејства не добиваат само ГМП, туку и други додатоци.

  • Семејствата со деца користат и детски додаток не само ГМП, тоа се 31,7% од сите корисници на ГМП , 21% користат и образовен додаток, а во следните шест месеци во зима, користат и додаток за енергенси што во еден вкупен збор за држава како нашата и не е така мала сума, иако се согласувам дека таа сума не е доволна за квалитетен живот, затоа треба да се инвестира во пазарот на трудот да влезат овие луѓе, процес на инвестиција за оспособување на лицата за пазарот на трудот, а не само да се приматели на помош од државата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе