Вести Македонија

34 годишна жена од Битола се задушила во својот дом

Триесет и четири годишна жена од Битола почина во несреќен случај во својот дом. Таа во бањата синоќа  се затрула со плин.

Семејството  веднаш повикало итна помош, по што без занци на живот е префрлена во Клиничката болница во Битола. Безуспешни биле обидите на лекарите да ја реанимираат младата жена.

Од Полицијата денеска соопштија дека кај нив случајот е пријавен нешто пред 10 часот кога 34 годишната  битолчанка била донесена во болницата почината, но  без видливи траги на насилство.

Увид извршија  полициски службеници од СВР Битола. По наредба на обвинител извршена е обдукција, а првичниот наод е дека таа се затрула со јаглерод моноксид, потврдија за Телма од Битолската болница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе