Вести Македонија

Антикорупциска го повика Судскиот совет да ја рагледа пресудата против ИРЛ

Антикорупциската Комисија го повика Судскиот совет да го разгледа, предметот процесот и судската пресуда во случајот кој се однесува на тужбата на Анѓушев против ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска.
Антикорупциската комисија е на став дека независното истражувачко новинарство и независното судство се столбовите на демократското општество и основ за функционирање на правната држава и владеење на правото.

„ Во таа насока, Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а судството како самостојна и независна власт да функционира согласно уставните начела.

Ова дотолку повеќе што Република Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ, каде што се почитуваат европските вредности и принципи за демократија, транспарентност и одговорност“, стои во соопштението на Антикорупциската Комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓупартиски судир на наративи: ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ предупредува за економски пад и одлив на инвестиции

Дејан Дејан

Протести во повеќе бугарски градови за заштита на левот

Дејан Дејан

Денеска ќе се знае кој ќе биде кандидатит на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе