Вести Македонија

Сергеј Самсоненко и мајка му на Орце Камчев на црната листа на САД

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на веќе назначениот Орце Камчев се ставени на американската црна листа каде им се придружија на Рамиз Мерко, Никола Груевски, Сашо Мијалков. Одлуката е објавена попладнево, на веб сајтот на Американското Министерство за финансии. На листата се ставени и компаниите Систина Лајф Кеар Центар, Орка Холдинг, Бет сити, Орка Фајнанс, Камчев консалтинг. Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно извршната наредба 14033 на американската администрација поради  „материјално помагање, спонзорирање или обезбедување на финансиска, материјална или технолошка поддршка, како и стоки и услуги  за поддршка на Јордан Камчев, кој веќе е ставен на црната листа на САД. Основата за ставањето на црна листа за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот Парцели на Водно, во кој Русинот сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари.

Поради Камчев, на црната листа на САД и Самсоненко, во описот за Црногорецот Дака – и Заев и Рашковски

Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот период, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанс); двете компании се поврзани со Ратка Камчева. Исто така, во истиот временски период, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанс беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД (Орка Холдинг), компанија поврзана со Јордан Камчев. Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купија фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ (Систина Лајф Кеар Сентар), друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е СДН Јордан Камчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе