Вести Македонија

КСОМ бара зголемување на платите на здравствените работници за 30 отсто, а во спротивно најавува протестен марш

Бројни барања, но и обвинувањa за притисоци од здравствените работници. Тие бараат повисоки плати и поголеми права, а утре во триесет болници наместо пауза за појадок тие ќе излезат пред болниците на мирен протест и ќе го кренат својот глас за да им се исполнат барањата.

Зголемување на платите за 30%, корекција на Колективниот договор,  бенефициран стаж, четири отсто инфективен додаток и поголема заштита за здравствените работници бара Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

-После три недели ќе организираме протестен марш на здравствените работници кои од просториите на конфедерацијата до Владата по пат на протестен марш ќе го искажеме нашето незадоволство, вели Гоце Делчев, главен генерален координатор на сите независни синдикати во конфедерацијата во КСОМ.

-Во Клинички Центар, Здравствен дом Скопје, Крушево и Неготино се видоа невидени притисоци врз нашите членови. Сакаат на било кој начин да ги отргнат од овие пресови и протести затоа што на некој ова му смета. Мое лично мислење е дека министерот за здравство во овие работи што ги набројав нема никаква улога, вели Лазе Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија.

Овие протести ги прифаќаат и од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“.

-Нашите сестри членуваат во сите синдикати и ние како здружение и унија никогаш не се вмешуваме во нивините индивидуални начини на кои тие сакаат да дадат поддршка , вели  Гордана Бешлиовска, претседател на ЗМСТАС.

Ако дотогаш нема одговор на нивните барања здравствените работници најавија протестен марш за три недели.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе