Вести Македонија

Штрајкот во Заводот за рехабилитација во последен момент откажан – директорката обвинува за лица кои земала плата, а не оделе на работа

Најавија штрајк, па во последен миг се предомислија. Дел од вработените во Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје кои сакаат да останат анонимни, за Телма велат дека причина за револтот е доцнењето на платата, и покрај тоа што медиумските екипи ги чекаа пред капијата на Заводот, велат дека биле спречени да дадат изјави поради страв да не го изгубат работното место.

Во меѓувреме новинарите се обидоа да добијат одговор и од директорот Мики Филев кој не одговараше на телефонските повици, додека директорката Миранда Шабани рече дека ќе одговори писмено зошто нема плата и дали е разрешена. Шабани вели дека правото на протест е загарантирано со Устав и оти го почитува и поддржува.

Таа тврди дека во институцијата со која раководела имало лица кои земале плата, но никогаш не ги видела. За нив, Шабани побарала од медицинскиот директор и службите да им ги раскинат договорите, но директорот не го прифатил. Затоа решила да не ги потпише платите за да не се оштети буџетот се до разрешување на состојбата. Во меѓувреме се извини за доцнењето на платата за оние вработени кои чесно си ја заработиле.

Што се однесува до мандатот на Миранда Шабани, на неа мандатот нема да ѝ се продолжи и ќе се прераспредели на друго работно место, велат од Министерството за здравство.

„Организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани достави до Министерството за здравство известување со одредени наводи за злоупотреби во Заводот. Дописот со останатиот материјал доставен до Министерство за здравство, ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот“, соопштија од министерството за здравство. 

Веќе на пладне платата легна на жиро сметки на вработените во Заводот за физикална медицина и рехабилитација.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе