Местото на Македонија е во Европската Унија (ЕУ), ветото на Бугарија го поткопува кредибилитетот на Унијата, изјави унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто при денешната посета на Македонија.
Бугарското вето го оцени како страшен потег и најави дека во периодот кога Унгарија ќе претседава со Унијата ќе стори сè што е можно да се забрза процесот.
Министерот Османи, пак, ја истакна дологодишната соработка меѓу двете држави, нагласи дека ја очекува унгарската поддршка и ја повика опозицијата да гласа за уставни измени.