Вести Македонија

Нема салмонела во училишните кујни, изворот на заразата допрва ќе се бара

Училишните кујни не биле причина за ширење на салмонела, потврдија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.  Резултатите од земените мостри кои засега се готови покажаа дека сите земени примероци се негативни, во нив не е пронајдена бактерија.

-Добивме резултати,  истите се негативни и во текот на денот Државниот санитарен и здравствен инспекторат согласно своите надлежности ќе ги отвори овие кујни да продолжат со работа и ќе ја тргнеме лентата со забрана за работа на кујните, вели Рената Младеновска, директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека овие резултати не ја даваат комплетната слика затоа што не се целосни. Сметаат дека со добивање на другите резултати одговорот за труењето може да биде променет. Недостасуваат резултатите од две училишни кујни каде се земени мостри само од работни површини затоа што при надзорот немало подготвена храна.

Тие резултати треба да се готови до крајот на неделата. Директорот на АХВ Николче Бабовски во утринската на Телма објасни дека има многу начини на кои може децата да биле затруени.

Изминатата недела по јадење на храна во училиштата децата добиле стомачни болки. После ширење на заразната болест беа извршени вонредни инспекциски контроли во училишните кујни каде има заразени ученици како и во централниот магацински простор во фирмата која врши снабдување со храна во училиштата. Кујните беа затворени до денеска. Потврдени беа дванаесет случаи на салмонела кај ученици од шест основни училишта во Општина Карпош. Сите се во добра здравствена состојба на домашно лекување.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе