Вести Македонија Топ вести

Таравари најави можност за Алијанса за Албанците наскоро да ја напушти владата

Алијансата за Албанците (АА) има дилеми дали да остане дел од владеачкото мнозинство, изјави лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. Според него, фактот што не беше изгласан Законот за амнестија делува понижувачки.

„По одбивањето да се изгласа Законот за амнестија, кој беше предлог на Владата, искрено ние се чувствуваме како понижени. За првпат во историјата се случува, пратениците од владеачкото мнозинство да не донесат закон во Собрание предложен од Влада и тој да не помине. Меѓутоа, не сакаме да бидеме проблематични, односно „траблмејкери“ во таа Влада“, нагласи Таравари.

Лидерот на АА вели дека постои мала надеж да се случат уставните промени, па затоа, како што рече, нема да прават „метеж“ во период кој го оцени како тежок. Тој потврди дека имаат контакт со дипломати во земјава и ќе се состанат за да се консултираат околу натамошните чекори.

Таравари најави можност за свокување на седница на централното претседателство до крајот на ноември на која ќе бидат анализирани сите можности и не исклучи можноста за партијата да оди опозиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе