Со околу 350.000 евра Владата ќе спроведе медиумска кампања од јавен интерес со цел да креира свесност и да ги информира граѓаните за придобивките од евроинтегративниот процес. Кампањата треба да овозможи и подобро разбирање на реформите и да ја потврди и зајакне посветеноста на Владата на процесот.
Договорот со друштвото за филмска продукција Вертиго НМЕ е потпишан на 8 ноември.
Кампањата, според документацијата ќе трае 45 дена, а за таа цел ќе се изработи слоган, лого, стратегија, промотивни видеа, анимации, билборди, дигитално рекламирање и ПР стратегија.
- Владата на Република Северна Македонија на јавен и транспарентен начин спроведе постапка за медиумска кампања од јавен интерес која ќе ги опфати придобивките од евроинтегративниот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија, преку повеќе канали за комуникација со кои ќе обезбеди подобра информираност на граѓаните за оваа тема.
Ни одговорија од Владата на прашањето зошто сега има потреба од ваква кампања и притоа ги повторија целите на кампањата напишани во повикот.
Најмногу пари ќе се издвојат изработка на ПР стории, интервјуа, соопштенија и настани со цел промоција на кампањата во износ од речиси 47 илјади евра. Додека пак за продукција на промотивни видеа се предвидени над 30 илјади евра.
Областите кои ќе бидат опфатени се економија, земјоделство, животна средина и ресурси, владеење на право и образование и млади.
Марија Митевска