Вести Свет Топ вести

Блок од Братислава за Киев – Словачка не одобри голема испорака на оружје за Украина

Словачката Влада денеска блокираше голема испорака на оружје за Украина, планирана од претходната влада, во согласност со ветувањата на новиот премиер Роберт Фицо.

„Владата не го одобрува предлогот за подарување воена опрема на Украина во вредност од 40,3 милиони евра“, се наведува на официјалната веб-страница на Владата.

Тој предлог за 14-тиот пакет помош подготвен од претходната администрација на Министерството за одбрана вклучува испорака на муниција од 7,62 милиметри и голем калибар за топовите 125 милиметри, како и противвоздушни ракети и мини.

Новата коалиција на Фицо, која дојде на власт на крајот на октомври, најави дека во иднина помошта за Украина ќе биде ограничена на хуманитарна и цивилна помош.

Фицо посочи дека ако некоја словачка компанија сака некаде да произведе оружје и да го достави во Украина, никој нема да ја спречи.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Словачка на Киев му доставила воена опрема вредна 671 милион евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе