Вести Свет Топ вести

Влез и излез во Газа по потреба – Израел разгледува „флексибилен“ поствоен план за Појасот

Министрите за надворешни работи на земјите членки на групата Г7 повикаа т.н. „хуманитарна пауза“ во војната меѓу Израел и Хамас, со цел да се овозможи достава на основни производи за жителите на Газа. Тие ја повторија осудата за нападот на палестинската милитантна група на 7 октомври и изразија поддршка на правото за самоодбрана на Израел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен од Токио порача дека „хуманитарната пауза“ во воените дејствија е повеќе од потребна за дистрибуција на помош, слободно движење на цивилното население и за ослободување на заложниците.

Марк Регев, советник на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, пак, порача дека постовоениот план на Израел не е „постојана окупација на Газа“. Според него, Израел разгледува нешто пофлексибилна варијатна која би овозможила влез и излез на израелските сили во Појасот по потреба. Тој ја нагласи потреба од израелско безбедносно присуство во енклавата што, како што нагласи, не значи дека Израел повторно ќе ја окупира Газа или дека ќе управува со неа.

Израелскиот премиер, пак, ги повтори црвените линии на неговата земја за прекин на огнот и достава на гориво во Газа што се условени со ослободување на заложниците што ги држи Хамас. Притоа го предупреди и либански Хезболах да не отвора нов воен фронт, бидејќи тоа ќе биде „грешка по животите на неговите припадници“.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе