Вести Свет Топ вести

Србија оди на избори на 17 декември

Српскиот претседател, Александар Вучиќ со указ го распушти Народното  собрание и распиша вонредни парламентарни избори за 17 декември.

Александар Вучиќ го потпиша указот за распуштање на националното собрание, кој стапува на сила во моментот на објавувањето во Службен гласник.

Претседателот ја потпиша и одлуката за распишување избори за пратениците во Народното собрание. Изборите се распишани за 17 декември.

“Почитувани граѓани, ви посакувам среќни избори, живееме во времиња кои се тешки за целиот свет, во глобален временски предизвик, рат и несогласување, во време каде е потребно сите да бидеме сплотени во борба за зачувување на виталните национални и државни интереси на Република Србија, во време во кое ќе бидеме соочени со бројни притисоци поради одновост со Косово и Метохија и другите регионални и светски прашања“ , кажа Вучиќ во обраѓањето по распишување на изборите.

Истакна дека е многу важно за Србија да го зачува мирот, стабилноста и внатрешната кохезија.

“Би рекол дека оваа кампања е прилика за на цивилизиран начин се пркажат различни идеи, програми, политики кои треба да се натпреваруваат, но кои никогаш нема да ги загрозат нашите витални државни, народни и национални интереси“, истакна претседателот Вучиќ.

На сите учесници во кампањата им посака добар резултат во претставување на своите идеи и цели.

Во предлогот за распуштање на парламентот се наведува дека покрај другото во последно време во делот на јавноста се појавила покана за распишување нови, вонредни парламентарни избори, а дека на 11 септември дел опозициони политички партии таква покана поднеле до претседателот Вучиќ.

Претседателот Вучиќ истакна дека е важно изборите да бидат слободни и демократски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе