Вести Свет Топ вести

Израелците влегоа во тајните подземни тунели на Хамас во Газа – во тек се жестоки борби

Израел објави дека негови единици нападнале вооружени припадници на Хамас во внатрешноста на подземните тунели во Газа, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот за прекин на огнот со цел ублажување на хуманитарната криза во палестинската енклава.

Бригадите Ал-Касам, вооружено крило на Хамас, утрово објавија дека се судриле со изралеските сили кои „ја нападнале јужната оска на Газа“, користејќи митралези и кон истрелале четири проектили „Ал-Јасин 105“, локално произведени противтенковски оружја.

Тунели се клучна цел за израелската армија, додека ги проширува копнените операции во внатрешноста на Појасот, со цел уништување на палестинската милитантна група Хамас по нејзиниот вооружен напад на 7 октомври во кој, според израелски извори, загинаа над 1.400 луѓе.

Израел верува дека голем број од заложниците на Хамас се наоѓаат токму во лавиринтот од подземни тунели кои ги нарекуваат и „Газа метро“. Палестинското движење досега ослободи четири лица кои ги држеше во заложништво – две од нив (мајка и ќерка американски државјанки) и две израелски жени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Асанж доби право да се жали против екстрадицијата во САД

Дејан Дејан

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Дејан Дејан

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе