Вести Македонија

Крадците во Штип и преку ден во гупи со години оперираат во куќите на улицата „Солунска“

Жителите на штипската улица Солунска над десет години живеат во страв од крадците кои во нивните домови влегуваат и дење и ноќе. Нивните домови наликуваат на кафези, во секој двор имаат кучиња чувари,  оградени се  со железни порти и мрежа.

Околу 200 домаќинстав на улицата „Солунска“ денеска побараа решение и од локалната власт. Од нивните домови се краде се и сешто, од дрва за огрев, ракија, а среде бел ден крадците  украле и влезната врата.

Мештаните на улица Солунска велат дека крадците напаѓаат во групи. Поголем дел од нив се малолетници ,лена мета им се празните куќи, но и домовите на повозрасните лица, велат мештаните. Градоначалникот Иван Јорданов бара 24 часовен полициски пункт во овој дел на градот, со цел брзо да се реагира.

Секторот за внатрешни работи преку писмено соопштение го демантира штипскиот градоначалник, во него се дава анализа за колку проценти е намален крималитетот и кражбите, а конкретно за улицата „Солунска“ се вели дека во текот на 2023 година имало 4 кражби, од кои расветлени се две.

Во соопштение се наведува и дека СВР Штип во неколку наврати побарале формирање на локален совет за пренеција, но досега општината не го формирала.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе