Вести Македонија

Николовски без конкретен одговор пестицид забранет во Македонија завршил во рацете на граѓаните

Без конкретен одговор од министерот за земјоделство Љупчо Николовски дали и како пестицид забранет во Македонија завршил во рацете на граѓаните по случајот со затруени лица откако консумирале пита со праз.

Лекарите тврдеа дека тричленото семејство било затруено со пестицидот Ланате. Од државниот инспекторат за земјоделство тврдат дека овој отров е забранет уште во 2015 година, а при инспекциски надзор не е утврдено дека овој пестицид е пуштен во употреба.

Снаата почина, бабата е во кома а синот е во стабилна состојба откако јаделе домашно приготвена пита.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе