Вести Македонија

Во недела ќе спиеме подолго – стрелките во 3 часот ќе се поместат наназад еден час

Викендов почнува зимското сметање на времето. Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летно сметање на времето.

Владата лани го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија. Но, по направените анализи беше донесена одлука да нема промена во досегашниот систем на сметање на времето, односно, како и секоја година во последната недела од октомври стрелките на часовникот да се поместат еден час назад. Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред неколку години. Тогаш во онлајн-анкета дури 83 отсто од жителите на ЕУ се изјаснија дека се „за“ укинување на ваквиот начин на сметање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе