Вести Македонија

Трајчевски во Вин-Вин: Изминатите неколку избори покажаа дека начинот на финансирање на платеното политичко рекламирање е сериозен извор на корупција

Предлогот за платено политичко рекламирање, финансиран од буџетот, започна со референдумот во 2018 година и беше промовирано од владеачката гарнитура која што и денеска е, со образложение дека на тој начин се спречи корупцијата во изборниот процес. Единствени кои што и тогаш се спротивставуваа на таквиот начин на финансирање на платеното политичко рекламирање беше Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Здружението на новинари на Македонија, истакна Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма ТВ.

„Денеска имаме поголема група на институции кои што застанаа зад овој предлог. Она за што ќе зборувам не е предлог на Агенцијата, туку е предлог на подгрупата за измени на изборното законодавство во делот на изборното медиумско претставување. Тука е државната комисија за спречување на корупција, Здружението на новинари, Синдикакот на новинари и во таа подгрупа беше вклучен и ЦИВИЛ. За да ги избегнеме сите коруптивни процеси за време на изборниот процес во однос на платеното политичко рекламирање, единствениот начин понатаму да го спречиме во изборниот процес е платеното политичко рекламирање да биде финансирано од буџетот. Ако тоа се дозволи и за овој изборен процес, односно платеното политичко рекламирање да биде финансирано од буџетот на Република Македонија, ние апсолутно нема да промениме ништо, иако ќе направиме некакви измени на Изборниот законик“, рече Трајчевски.

Изминатите неколку изборни процеси, како што нагласи Трајчевски, покажаа дека ваквиот начин на финансирање е сериозен извор на корупција во кој што се вклучуваат и политичките партии и наметнуваат клиентелистички однос меѓу политичките партии и медиумите.

„Апсолутно не доведува до воведување на претставување на политичките цели и идеи на политичките партии пред гласачите, туку напротив брутално се користат средствата од буџетот за да се промовира црната кампања што ја промовираат политичките партии. Предлогот на подгрупата задолжена за измени на Изборниот законик за изборно медиумско претставување во суштина е да се укине финансирањето на платеното политичко рекламирање од државата“, додаде Трајчевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе