Вести Македонија

Новаковски во „Вин-Вин“: Голем дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР за Изборниот законик ќе бидат имплементирани, меѓу нив немаше за промена на моделот

Имавме мандат и бевме формирани да работиме на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Претходно биле формирани две-три групи, но ние сега, конечно, имаме дел од препораките кои се имплементираат, рече Александар Новаковски, претседател на работната група за реформи на изборното законодавство, во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„За нова реформа, имаме и препорака на крајот, треба да се направи ревидиран Изборен законик, значи нов Изборен законик. За тоа ние немавме мандат, ниту имаше време, ниту тоа се прави. Работната група почна со работа со јуни и до сега работеше само на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Но, се надевам, како што е кажано и од Министерството за правда,  ние ќе продолжиме да работиме за наредните избори“, изјави Новаковски.

Препораките на ОБСЕ и ОДИХР, нагласи Новаковски, се повторуваат сите изборни процеси.

„Сега, голем дел од препораките, со овие измени, ќе бидат имплементирани. Ние немаме препорака за промена на моделот. Тоа е работа на државата. Има закон кој е поднесен од една политичка партија, две години стои во парламент и тоа прашање не може да го реши работната група, бидејќи ние немаме ниту официјален предлог од некого“, истакна Новаковски.

Според него, во работната група на чие чело е биле опфатени сите можни институции кои на било кој начин, покрај Државната изборна комисија, имаат свои надлежности во текот на изборниот процес.

„Сите нивни предлози беа разгледани. Тоа не значи дека нема да бидат прифатени. Мојата информација вели дека нема предлози од политичките партии. Дали е тоа добар или лош знак ќе видиме“, потенцира претседател на работната група за реформи на изборното законодавство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе