Вести Македонија

Министерството за образование и наука ги укина стипендиите за ученицитe во дуалните паралелки и тоа само за здравствените струки

Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката со која учениците од здравствените струки од јавните средни училишта не можат да конкурираат за стипендии за ученици запишани во дуални паралелки, бараат од медицинските училишта.

Ова го потенцираа од раководството на училиштето Никола Штејн од Тетово на денешниот протест организиран заедно со учениците и нивните родители. Велат дека стипендии им биле ветени, доколку ги исполнат сите услови за дуално образование, а тие ги запазиле сите процедури.

И од раководатвото на СОУ „Јане Сандански“ од Штип бараат да се повлече овој оглас и да се овозможи на сите ученици од здравствените струки да конкурираат за добивање на стипендии во дуалните паралелки во прва година.

Министерот за образование и наука на новинарско прашање одговори дека се врши анализа дали бидат внесени во огласот за стипендии, што ќе зависи и од буџетот.

Средните медицински училишта најавија претставки до Народниот правобранител и до Комисиите за дискримација и борба против корупцијата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе