Вести Македонија

Собраниската говорница предвидена за пратенички прашања беше искористена за дуел меѓу Сиљановска-Давкова и Груби

Колку Министерството за политички систем треба да се занимава со афирмирање на придобивките за локалните жители во Македонија од вработување во компанијата „Бехтел и Енка“? Според пратеничката  Сиљановска, воопшто не треба! Но, според министерот Груби, само се продолжува праксата воведена од ВМРО-ДПМНЕ изминатите децении.

Груби ја обвини целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на која припаѓа и Сиљановска, дека „слепо“ ги слуша партиските наредби, независно дали се работи за „лажни вести“ поврзани со коридорите 8 и 10д или за уставни измени. Таа го потсети како во ДУИ се величи лидерот.

Голем дел од пратеничките прашања мораше да бидат поставени писмено поради отсуство на министрите и нивните заменици.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе