Вести Свет Топ вести

Четири членови на семејството на дописникот на Ал Џезира, Дахдух, убиени во воздушен напад во Појасот Газа

Четири члена од семејството на главниот дописник на Ал Џезира од Појасот Газа беа убиени во израелски воздушен напад доцна синоќа врз бегалскиот камп Нусејрат.

Ваел Дахдух помагаше да се емитуваат слики во живо од Газа кога ја доби катастрофалната вест дека неговата сопруга, син и малата ќерка беа убиени.

Неколку моменти подоцна, сателитскиот канал со седиште во Катар се префрли на снимката од Дахдух како влегува во болницата Ал Акса во Газа, носејќи мало дете.

Два часа подоцна и внукот на Дахдух беше прогласен за мртов. Арапските медиуми информираат дека голем број други членови на семејството се уште се водат како исчезнати.

Бегалскиот камп се наоѓа во област на Газа каде што израелската војска ги охрабруваше луѓето да одат за да останат безбедни. 53-годишниот новинар е добро познат низ арапскиот свет како лице на Палестинците за време на многу војни. Тој е почитуван во неговата родна Газа затоа што на светот им пренесува стории за страдањето и тешкотиите во неговата земја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе