Вести Македонија Топ вести

Преквалификација на делото и укинат куќен притвор за Мухамед Зекири

Измените на Кривичниот Законик резултираа и со преквалификација на кривичниото дело за екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири и укинување на мерката куќен притвор.  Тој беше обвинет за злоупотреба на службената положба од ставот 5 поврзан со јавните набавки кој со законските измени се избриша и сега ќе одогвара за став 4 од изменетиот член. По старата одредба предвидена беше затворска казна од 5 до 20 години. Нова одредба предвидува од 1 до 5 години затвор. Со измените, неговото дело од обвинителен акт се трансформираше во обивнителен предлог кој се води по скратена постапка. На денешното рочиште бил сослушан сведок предложен од одбраната.

Зекири е обвинет за злоупотреба во два спорни договори за консултантски услуги. Едниот за процена на вредноста и длабинско снимање на АД Пошта и другиот за потенцијална приватизација на Железници Транспорт. Според бовинтелството ги склучил без тендер со две различни компании во рок од два месеца (мај и јуни) лани, по што им биле исплатени еден ипол милиони евра- сума која се пресметува како штета на државниот буџет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе