Владеењето на правото е значајно и за животната средина, не е само прашање што генерално само општеството го тангира и сметаме дека е важно во она што значи спроведување на законодавството и искористување на оние потенцијали кои што ги има државата, рече Јадранка Иванова, претседателка на Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатски промени (ИПЕК), во вечерашното издание на Топ тема на Телма ТВ.
„Како граѓанин, секако, дека сум загрижена, затоа што сакам да живеам во едно здраво општество, сакам да бидам сигурна и да верувам дека институциите си го работат својот дел. И во однос на она што значи спроведување на правото и во однос на она што значи животна средина. Така да, мислам владеењето на правото нема аспект од нашиот живот кој што не го тангира и поради тоа, сигурно дека постои загриженост“, изјави Иванова.
Тие (Блупринт групата) се фокусираа на Кривичниот законик, ние имавме загружувачки ситуации во Судскиот совет, имаме дополнителна оценска мисија од Европската Унија за Судскиот совет, така да јас го гледам ова како еден тренд кој што треба сите да нè загрижи за владеење на правото како клучен принцип во пристапувањето во ЕУ, истакна Симонида Кацарска, извршна директорка на Институтот за европска политика (ЕПИ).