Вести Македонија

Фон дер Лајен во посета на Македонија до крајот на месецот

Претседателката на Европската комисија (EK), Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецот, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски додавајќи дека имало такави најави и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше во посета на Албанија по Самитот на Берлинскиот процес.

„Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија, до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба и тоа јавна дека во некоја од неговите посети ќе ја посети нашата земја. Јас имав неколку средби со него, како и претседателот на државата“, рече Ковачевски, кој беше во посета нa компанијата „Вивакс“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Северна Македонија и Албанија ќе бидат одвоени во декемврскиот самит, Ковачевски рече дека ние еднаш се разделивме од Хрватска кога не носевме одлуки и оти истите тие кои не ги носеа одлуките сега се против одлуките за европските интеграции. Ние со Хрватска, додаде тој, почнавме заедно, тие се сега дел од ЕУ, воведоа евро и се дел од Шенген зоната.

Процесот на проширување, според него, е отпочнат и се надева дека ќе биде завршен. Посочувајќи на пораките од Самитот на Берлинскиот процес во Тирана, Ковачевски рече дека сите можевме да се увериме во она што го кажаа сите претставници на ЕУ, како и на прес-конференцијата што ја имаше францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата билатерална посета на Албанија, дека процесот е отворен, дека на него се работи и тој ќе биде практично во две патеки – едната е ЕУ да се подготви до 2030 за прием на нови земји членки со оглед на тоа дека треба да функционира со повеќе земји – членки, а од друга страна државите да ги исполнат своите обврски.

„И тоа значи дека оние коишто побрзо ќе ги извршат, направат своите обврски, коишто побрзо ќе ги направат реформите тие први ќе влезат во ЕУ. Јас се надевам дека Северна Македонија ќе ја задржи својата лидерска позиција во делот на европските интеграции во регионот и дека нема да се случи она што не посакувам да се случи, а тоа е да другите земји отидат пред нас, а ние да останеме во група на Косово и БиХ. Со сета почит кон државите, меѓутоа сметам дека ние како држава согласно сите перформанси сме на повисоко ниво и заслужуваме да бидеме земја која прва ќе влезе во 2030 година во ЕУ. Повторувам уште еднаш, сега од нас зависи, не зависи од никој друг“, истакна премиерот Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе