Вести Македонија

Псоријаза-хронична автоимуна болест која создава срам кај дел од пациентите

Три проценти од светското население има псоријаза. Точна статистика за Македонија нема. Црвена кожа, лупење на кожа, болка и чешање се симптоми кои укажуваат на псоријаза. Тоа не е само болест на кожата туку е и автоимуна болест која доведува до ризик за добивање на дијабет и кардиоваскуларен ризик. Потребно е навремено дијагностицирање и лекување со соодветна терапија.

-Тоа е болест која зафаќа повеќе од три проценти од  популацијата и за која се трудиме со сите сили да обезбедиме нови модерни средства за терапија на пациентите. Благодарение на напорите кои се вложени успеавме во голем дел да ја поинеме првата бариера и да дојдеме до точка да дојде биолошката терапија и да се употребува кај пациентите со псоријаза. Тоа е голем исчекор за нашата држава, но со многу мала бројка, која не е доволна и треба се повеќе да се зголемува, вели Андреј Петров, Специјалист по дерматовенерологија.

Постојат повеќе методи на лекување, а според докторите најдобра е биолошката терапија која сега ја користат дел од пациентите.

-Сакаме да ја инкорпорираме и биолошката терапија која што е најнова и најефективна терапија за третирање на овие болести. Во моментот имаме неколку пациенти кои се избрани. Меѓутоа се надеваме на многу повеќе пациенти во скоро време. Цената на терапијата е доста висока, меѓутоа мислам дека сме во можност да набавиме толку за колку што имаме потреба, вели Дејан Филиповиќ, директор на Клиника за дерматологија

90% од луѓето кои имаат псоријаза имаат нарушен квалитет на животот, а најголемиот дел од нив поради лушпите на телото чуствуваат срам и непријатност.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе