Вести Македонија

Неефикасни комунални претпријатија – оценка на граѓаните и надлежните

Овие зелени еколошки контејнери кои служат за рециклирање отпад не се доволни и тие што ги има не се користат, а генералната слика со комуналните претпријатија е лоша – сложни и граѓаните и надлежните.

Отпад би рециклирале ако има место каде да се одложува. На некои места има само стакло овој дел, за хартија нема. Народот што да прави го фрла каде ќе најде место таму, вели граѓанин.

Повеќе од 90 јавни комунални претпријатија низ целата држава се неефикасни и со недоволен број на капацитети, а причините за лошата состојба се финансиските загуби поради енергетската и економска криза. Ова е генералната оценка на надлежните за Јавните комунални претпријатија кои тврдат дека државата ќе им помогне во нивно справување.

-Очекуваме активно вклучување на сите општини. Процесите не се едноставни, особено во делот на регионално управување со отпад. Кога здружувате повеќе региони во случајот два по два региони ќе ги здружуваме за да направиме по една централна депонија. Економски е неисплатливо секој регион да има своја депонија, вели Каја Шукова министерка за животна средина и просторно планирање.

-Oна што е вложувано во комуналните претпријатија во текот на годините е тоа колку што се можело и колку што дозволувале финансиите и на директорите и на локалните самоуправи, на комуналните претпријатија и на стручниот кадар во комуналните претпријатија, вели Пеце Милевски АДКОМ.

Дводневната 11-та меѓународна конференција на тема Комуналните услуги во паметните градови, беше токму за проблемите во јавните комунални претпријатија, а целта е подобрување, зајакнување и нивен квалитет.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе