Вести Македонија

Брашнарска: Распадот на Југославија и незапишувањето на родени деца се причините за бездржавјанство во Македонија

Бездржавјанството е распространето насекаде низ светот, не само кај нас, и при тој феномен, човек нема никаков правен идентитет, нема државјанство и нема заштита од ниту една држава, дури ниту од државата во која што е роден, нагласи Љубинка Брашнарска од УНХЦР во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Таа појава, за жал, сè уште постои и кај нас. Радосни сме што ја приведува до крај. Целта на УНХЦР, агенција за бегалци при Обединетите нации, која има втор мандат да им помогне на државите да го решат бездржавјанството насекаде во светот е до 2024 година во рамки на кампањата „Јас припаѓам“ која што ја започнавме во 2014 година за да ставиме крај на бездржавјанството“, истакна Брашнарска.

Таа вели дека, иако во светот сè уште владее оптимизам дека сите држави ќе успеат, Македонија и регионот ќе успеат да стигне до крај пред истекување на рокот.

„Рокот е до крајот на 2024 година, но ние се обидуваме тоа да се случи до крајот на оваа година“, рече Брашнарска.

Таа објасни и како настанува бездржавјанството.

„Тоа е комплексен феномен. Во суштина настанува на повеќе начини. Еден начин е создавање на нови држави или распад на претходни држави. Втор начин е неусогласеност на законските решенија и одредби од различни закони кои што не комуницираат една со друга и оставање на правен вакуум во кој што се загубени човечки судбини. Кај нас, конкретно, имаме случаи од две причини за создавање на бездржавјанство. Едната е распадот на поранешна Југославија, односно тие лица кои не успеале да се запишат во македонско државјанство или биле од мешани бракови. Како и да е, не добиле државјанство од ниту една од републиките од поранешна Југославија. Втората голема причина е незапишување на раѓањето на деца и тоа е автохтона причина, односно создадена тука во државата, каде поради ненавремено пристапување кон Управата за водење на матични книги, некои луѓе цел живот остануваат без правен идентитет и да фигурираат во системот“, објасни Брашнарска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до сто потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе