Во период од десет месеци Македонија го намалила бројот на лицата „фантом“ односно лица без матичен број во земјава, од 700 на 216. Ова денеска на регионалната конференција организирана од ОБСЕ и УНХЦР на тема „Бездржавјанство во Југоисточна Европа“ го соопшти амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Килиjан Вал, кој ја посочи земјава како позитивен пример на решавање на проблемот на лицата без државјанство.
„Се надевам и верувам дека со продолжување на политичката волја и посветеност ќе може да ги намалиме овие бројки на нула до крајот на годината. И се надевам дека Северна Македонија тогаш успешно ќе може да го затвори ова поглавје докрајот на годината“, рече Вал.
Вал за превенција на лица без државјанство, рече дека Македонија ја заслужува титулата шампион.
Огромен напредоки за надминување на проблемот со лицата без државјанство освен во земјава, констатиран е и во регионот, особено во изминатите 12 години, сепак според Високиот комесар за заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс, минатата година е проценето дека во регионов има уште околу 6.000 лица без државјанство.
„Многу е тешко да се знае, многу е тешко да се има точната бројка каде се главните „џебови“ на групи кои преостануваат. Загрижени сме, секако, за значителната бројка на Роми и тоа низ целиот регион“, рече Тригс.
Според Тригс бездржавјанството може да се искорени со пенкало, само доколку владите имаат волја да го адресираат проблемот, но оти проблемот не секогаш е во политичката волја и законите.
„Од аспект на праксата, местата каде најчесто ги лоцираме најголемите проблеми се бирократијата на средно ниво, давачките, документацијата, доказите за потеклото и слично. Често е на тоа ниво. Значи може да имате политичка поддршка, може да имате усвоена легислатива, како што рече министерот, но она што всушност го гледате во пракса се пречките по патот и тоа се работите на кои ние сакаме да се осврнеме“, рече Тригс.
Правото на државјанство е право за сите други права кое едно лице ги има да припаѓа на човештвото, пак посочи Високиот комесар на ОБСЕ за малцинства.
„Лицата кои припаѓаат на националчните малцинства, вклучително и Ромите, се под особен ризик за бездржавјнаство поради потешкотиите на докажување на својата националност и добивање на документи за идентификација“, рече
Согласно Конвенцијата за статусот на лицата без државјанство на ОН од 1954 година, лице без државјанство е лице кое ниту една држава не го признава за свој државјанин согласно сопственото национално законодавство. Македонија во 2021 го смени законодавството со што се овозможи на над 200 луѓе да се стекнат со потврда или државјанство.
Тамара Грнчароска