Вести Македонија

Законот за игри на среќа оди на пленарна седница, го помина комисискиот филтер

Измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и забавните игри одат на пленарна седница откако добија поддршка од членовите на собраниската Комисија за европски прашања.

Пратениците од опозицијата вчера на Комисијата за европски прашања реагираа дека со ставањето на овој Предлог-закон на дневен ред се злоупотребува европското знаменце и оти нема никаква поврзаност со регулативата на Европската унија туку дека целта е парите од коцкањето да завршат кај фирми блиски до ДУИ.

Власта пак се бранеше дека законот се носи за заштита на децата и ставање ред во коцкањето.

Здружението на вработени во игри на среќа пак со став носењето на овој закон ќе ги остави без работа, а игри на среќа на интернет ќе организираат странски фирми со по неколкумина вработени.

Според предлогот, се забранува да има автомат клуб, спортска обложувалница или друг објект за организирање игри на среќа на 500 метри од училиштата.

Исто така се отвора можноста за организирање игри на среќа преку интернет. Државната видео лотарија веќе објави јавен повик за три странски фирми кои во соработка со државната лотарија ќе организираат игри на среќа на интернет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе