Вести Македонија Топ вести

Четири активни пожари во Македонија, гори кај Македонски Брод, Велес, Долнени и Штип

Чеитир пожари се сè уште активни од вкупно 23-те колку што ги имаше на отворено во текот на вчерашниот ден во земјава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Во Општина Македонски Брод, во атарот на с. Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и, речиси, е невозможно за пристап на лица и за гаснење. Во Општина Велес, кај с. Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума, во Општина Долнени, меѓу селата Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај с. Пухче ниска вегетација и шума“, информираат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе