„Македонска пошта“ тоне во загуби. И покрај приходот од 17 милиони евра, минатата година ја завршила со речиси 500.000 евра поголем минус од 2021-та, односно со 3,74 милиони евра.
Раководството на Пошта пред ревизорите на Македонска берза, прикажало побарувања од 1,52 милиони евра поради „кражби, кусоци од вработени, спогодби, сомнителни како и спорни камати“ во износ од 1,52 милиони евра. Поголемиот дел тешко би можел да се наплати.
Кон разни добавувачи Пошта должи 3,8 милиони евра. Ревизорите се сомневаат дека тој долг е поголем за милион и половина поради наследени долгови од претходните години.
Најголеми трошоци претпријатието има за плати. Во 2022 година за 2.267 вработени се исплатени 15,8 милиони евра. Тоа е зголемување на трошоците за половина милион, бидејќи овој загубар за една година вработил уште 174 лица.
Пошта има побарувања од 4,3 милиони евра, приход од 17 милиони и државна помош од речиси два милиона евра. Сепак, во извештајот за 2022 година, ревизорите обрнуваат внимание дека натамошната работа на Акционерското друштво зависи од финансиската поддршка на сопственикот – државата, главно поради високите трошоци за плати. Сугерираат и дека е време да се расчисти сопственоста, која уште ја делат со Македонски телекомуникации.
Соња Николовска