Вести Свет Топ вести

Зеленски: Украина повеќе нема со својот суверенитет да плаќа за илузорните ветувања за мир

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, на прославата на Денот на ветераните на Украина рече дека неговата земја повеќе нема да плаќа со иднината на своите деца и нејзиниот суверенитет за „илузорните ветувања за мир“.

Денес, модерните генерации Украинци, вие и сите оние кои сега ја бранат нашата земја и народ, нашата слобода и независност, имаме можност да постигнеме повеќе отколку што можевме досега. Нашата одбрана на Украина од руската инвазија се заснова на историски најголемото единство на нашето општество досега. За единството што го цениме. Украина ужива историски најголема поддршка во светот. И никогаш повеќе Украина нема да плати со иднината на своите деца, нејзиниот суверенитет и својата волја за илузорни ветувања за мир. Украина донесе историски заклучоци, нагласи Зеленски.

Зеленски на војниците им додели награди, а на воените единици почесни титули, почести и борбени знамиња, а учествуваше и на заклетвата на студентите на Воената академија.

Прославата на Денот на ветераните на Украина се одржа во Националниот историски и архитектонски музеј на Киевска Фортеција (Киевска тврдина).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе