Вести Македонија

Премиерот контра Трајанов- нема договор за амнестија

Нема договор за уставни измени во замена за амнестија, тврди премиерот кој уверува дека законот што се подготвува нема да ги опфати случаите на поранешното СЈО за висока корупција.  Го негира тврдењето на довчерашниот коалиционен партнер, Павле Трајанов дека, со овој закон ќе бидат опфатени сите случаи што ги отвори СЈО, осудените за настаните од 27 април, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.

Ковачевски одби да го коментира внатре-партискиот конфликт во ВМРО ДПМНЕ и преписката меѓу поранешниот и актуелниот претседател на партијата, во која се спомнува и негова вмешаност. Мицкоски и во петочното интервју повторно тврдеше дека поседува документи за тајни средби на Груевски со актуелната влада. Деновиве молчи, но екс-премиерот во азил, сепак не издржа и повторно нападна преку фејсбук.

Мицкоски тврдеше дека, два од трите документи Груевски им ги дал на Талат Џафери и на Али Ахмети и дека тие треба да кажат за нивната содржина и за пропратното УСБ што го добиле во плико испратено од Будимпешта.  Џафери негираше дека добил што било, а демант испратија и од ДУИ, со тврдење дека немаат двојна агенда.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе