Банална расправија помеѓу браќа во Гевгелија заврши со двојно убиство. 71-годишен маж и неговата 62 годишна сопруга синоќа се застрелани од братот со кој живееле во иста куќа.
69-годишниот гевгеличанец ги застрелал братот и снаата со пиштол пред влезот на куќата.
Од јавното обвинителство велат дека во текот на денот ќе следи постапка за убиецот кој синоќа го приведе гевгелиската полиција.
Настанот се случил и пред очите на жителите на улицата во која се наоѓа куќата пред која се случи двократното убиство. Тие не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека убиецот не правел отпор кога пристигнала полицијата да го уапси.
Сузана Мицева