Вести Македонија

Двојно убиство во Гевгелија, брат го убил братa си и снаата

Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).

Веста за Телма ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.

Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Ина медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.

Увид на местото на убиството извршил Јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе