Вести Македонија Топ вести

Дали доколку контролата на УЈП заврши без резултат, може да го спаси од наредни истраги синот на Али Ахмети, Шкумбин- Лидерот на ДУИ тврди дека не ги знае бизнис партнерите на својот зет

Како и секоја правна постапка, така и даночната контрола во фирмата на Шкумбин Ахмети, синот на лидерот на ДУИ, може да се врши само еднаш за определен период. Доколку актуелната контрола на УЈП не утврди проблеми или помалку платен данок на фирмата на Шкумбин Ахмети, во иднина нема да може да се врши нова контрола за истиот временски период. Од УЈП ни одговорија дека може да се издаде ново даночно решение после завршена чиста надворешна контрола, само во определени услови.

  • УЈП: Во член 82 од Законот за даночна постапка се предвидува дека даночните решенија може да бидат променети  доколку дополнително се појават нови факти или доказни средства кои што водат до поголем данок, во  повторна постапка при пресуда од надлежен суд и во други случаи во согласност со закон.

Од УЈП додаваат дека нивното одделение за надворешна контрола одлучува, согласно својата обврска за оценување, дали и кога треба да биде реализирана една надворешна контрола, како што е во случајот со „Архитектас пројект студио- Зајас“ на Шкумбин Ахмети. На тој начин ги негираат се погласните сомнежи дека контролата е нарачана бидејќи со одлука на УЈП дека фирмата на синот на лидерот Ахмети е чиста, таа фирма во иднина не смее да биде проверувана. Ахмети кој прв се „пофали“ со контролата на УЈП, по долга пауза, повторно имаше интервју. Во тоа како што 360 степени го нарекоа едно поинакво интервју, лидерот на ДУИ беше прашан повторно за бизнисите на следната генерација Ахмети од Зајас.  Не знаеше многху детали за бизносот на синот Шкумбин, но потвтрди дека знае како има удели во 4 фирми за производство и трговија со енергија. Парите му се заработени од архитектонски проекти, тврдеше лидерот на ДУИ. КОД во јуни откри дека зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај е бизнис партнер со Ерџан Сулкоски од фирмата РКМ, фирма која лани имала чист профит од над 6 и пол милиони евра од зделки со ЕСМ за мазут за ТЕЦ Неготино во вредност од над 110 милиони евра. Па прашањето беше за семејното учество во овој бизнис.

Ахмети вети дека ќе го праша својот зет Смајлај,за неговиот доскорешен партнер и се задржа на своето тврдење дека не знае со што работат и колку пари заработуваат неговиот син и внуци од брат.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Дејан Дејан

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе