Вести Свет Топ вести

Берлин, Париз, Лондон и Вашингтон бараат Техеран веднаш да ја повлече одлуката за забрана на пристап на инспектори на МААЕ до иранските нуклеарни капацитети

Германија, Франција, Велика Британија и САД го повикаа Иран „веднаш да ја повлече“ својата одлука за одземање на акредитацијата на клучните експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за проверка на нуклеарниот арсенал на земјата.

Иран мора веднаш да ги поништи овие смени на инспектори и целосно да соработува со Агенцијата за да им овозможи да потврдат дека иранската нуклеарна програма е исклучиво мирна, се вели во заедничката изјава на постојаните претставници на четирите земји во Меѓународната агенција за атомска енергија.

Одлуката на Иран да ја повлече акредитацијата на неколку искусни инспектори на МААЕ ја поткопа работата на агенцијата, се вели во соопштението.

Четирите земји „ќе продолжат да даваат силна поддршка на МААЕ и режимот за верификација на меѓународните заштитни мерки на кои се потпира светската безбедност“, се додава во заедничката изјава.

Во саботата, шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, остро го критикуваше потегот на Иран во официјалното соопштение за печатот, нарекувајќи го „несразмерен и без преседан“. Тој, исто така, ја повика земјата да ја преиспита својата одлука.

Во 2015 година Техеран потпиша нуклеарен договор кој драстично го ограничува збогатувањето ураниум и дозволува строги инспекции на МААЕ. Тој потег имаше за цел да го намали нуклеарниот арсенал на земјата.

Откако САД се повлекоа од договорот во 2018 година под тогашниот претседател Доналд Трамп, Техеран почна да збогатува ураниум и да ги ограничува инспекциите на МААЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе