Додека се прават финансиските анализи и пресметки дали да се врати во функција КАТО системот или не, од утре ќе почне демонтирање на еден од дотраените акцелератори на Клиниката за Онкологија. Дисперзија на услугите на Онкологија е клуч за подобри услуги за тешко болните пациенти па затоа наредната 2024 година ќе биде пуштен во работа акцелраторот во Штип а да се стави во функција и во Битола.
Околу истрагата за скандалот на Онкологија, Меџити не сакаше да ги потврди или отфрли наводите дека пациенти од странство се лекувале на државна сметка на Клиниката. Очекува брзас и ефикасна истрага а од граѓаните побара да има веруваат на лекарите и терапиите кои ги примаат.
Министерството спровело и интерни истраги поради информации добиени од пациенти за за злоупотреби, како што се манипулации со системот „Мој Термин“ особено во делот на хируршките зафати кои неможе да се закажат, но според тврдењата може да се купат.
Во моментов по налог на Меџити се прави попис на апратурата која е платена, набавена или донира а не се користи и се прави план тие да бидат прераспоредени во установи каде има кадар да ракува со нив.
Огнен Чанчаревиќ