Вести Македонија Топ вести

Малициозните софтвери Пегасус и Предатор под лупа на надзорната собраниска комисија

Надозрната собраниска комисија зад затворени врати ги разгледува информациите подготвени од државните разузнавачки агенции за малициозните софтвери Пегасус и Предатор, кои што се користат за нелегално следење на комуникации.

На последната седница, комисијата за надзор врз работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање побара информации од надлежните агенции за двата софтвери кои се поврзани со македонска фирма ставена на црната американска листа. Побрани се информации за производствотп, продажбата, користењето и можните злоупотреби на софверите Пегасус и Предатор во Македонија. Претходно опозицискиот пратеник Бране Петрушевски обвинуваше дека државата односно ОТА користи ваков софистициран софтвер за следење на комуникации. Пегасус се користел од страна на грчките тајни служби за прислушување на политичари, активисти и новинари. И двата софтвери се произведени од израелски бебзедносни компании кои имаа регистрирано фирма и во Македонија. САД ја ставија фирмата „Сајтрокс“ од Скопје,  која била во сопственост на израелската компанија „Интелекса“ која исто така беше ставена на црната листа на САД поради развивање и продажба на софтверите кои служат за следење на комуникации со што се прекршуваат основните човекови права. Поранешен управител на Сајтрокс- Скопје беше Иво Малинковски, но по избивањето на скандалот Малинковски се повлече од позицијата. Тој е син на на познатиот македонски производител на вино и трговец со оружје, Илија Малинковски, познат како сопственик на винаријата Камник и на фирмата МИКЕИ Интернационал. Сега со скопската „Сајтрокс“ управува жена од Чешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија започна вонредна инспекција на сите Боинг 787 по смртоносната авионска несреќа

Дејан Дејан

Оман: Откажани нуклеарните преговори меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе