Македонија Топ вести

Фон дер Лајен: Проширувањето на ЕУ може да се случи и пред нејзиното реформирање

Сите кои мислеа дека проширувањата ја прават ЕУ помалку ефикасна, згрешија. Ова е пораката на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, испратена денеска од нејзиното годишно обраќање пред Европскиот парламент. Фон дер Лајен притоа рече дека историјата сега ја повикува Унијата да работи на своето комплетирање. Тоа според неа може да се случи и пред да бидат завршени реформите во Унијата.

„Но, не можеме и не треба да чекаме за промени во Договорот за да продолжиме со проширување. Унијата може и побрзо да биде подготвена за проширување. Тоа значи одговарање на практичните прашања, како Унијата со над 30 држави, ќе функционира во пракса и особено на капацитетот за дејствување“, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен притоа побара Унијата да ги надминеме старите, двострани дебати за проширувањето. Според неа не станува збор за подлабока интеграција или проширување на Унијата, туку дека Унијата може и мора да ги направи и двете.

Претседателката на Европската комисија зборуваше за проширувањето, но без одделно да ги спомени земјите-кандидати, освен во еден наврат кога ги спомена Украина и Молдавија и Западниот Балкан како регион.

„Овој дом кажа гласно иднината на Украина е во нашата Унија. Иднината на Западниот Балкан е во нашата Унија. Иднината на молдавија е во нашата Унија“, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен во говорот рече дека знае оти проширувањето не е лесен пат и оти Комисијата секогаш ќе го брани принципот на пристапување засновано на заслуги. Таа притоа констатираше дека земјите-кандидати покажале посветеност за тоа и оти е време Унијата да одговори на таа посветеност.

„Но мора одблиску да погледнеме на секоја политика и да видиме како таа може да биде засегната од поголема Унија. Заради тоа Европската комисија ќе почне да работи на серија прегледи на претпристапните политики за да види како секоја област можеби да биде прилагодена на поголема Унија. Ние ќе мора да размислиме како нашите институции ќе работат. Како Парламентот, Комисијата ќе работата“, рече Фон дер Лајен.

Во тој контекст Фон дер Лајен го спомена и буџетот на Унијата, поточно како тој ќе се финансира, но и што ќе финансира.

Фон дер Лајен обраќањето пред европратениците го фокусираше на безбедноста на Унијата, климатските промени, дигиталната ера, а го заврши со проширувањето, при што рече дека Унија може да биде Унија и на над 30 држави.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со непомирливи разлики за последните измени на Законот за работни односи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе