Вести Македонија Топ вести

Миланов: Обвинителството треба да ја запре постапката за сите предмети за кои нема правосилна пресуда

Овој закон ќе важи за оние предмети пред Апелација кои не се одлучени, законот не може да се применува за оние предмети кои се веќе правосилни, се додека, евентуално, не се создадат услови за повторување на таа постапка, изјави адвокатот Еленко Миланов во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Можеби ова ќе биде поттик за обвинителствата, припадниците на судската полиција и МВР, ги забрзаат постапките и едноставно да може да се решаваат проблемите“, додаде Миланов во врска со донесените измени на Кривичниот законик.

Миланов се осврна и на предметите на Специјалното јавно обвинителство за кои рече дека се „неквалитетни во нивниот опис, преоптоварени со непотребни докази и за тоа траат и не можат да завршат“.

„Ако имате неквалитетни докази и неквалитетно обвинение, не знам зошто толку се нападнаа апелационите судови. Апелационите судови се столбот на едно судство, бидејќи од кај нив излегува правосилна пресуда. Не смеат да дозволат, тие се она што се брана до Врховниот суд“, вели Миланов.

Тој вели нема потреба од барање бидејќи измените влегуваат во сила од 15 семптември и според тоа обвинителствата мора да одлучат и да ги повлечат предметите по закон во спротивно предизвикува непотребни трошоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе