Македонските здруженија и Македонците кои живеат во соседните држави на Денот на независноста побараа поголемо внимание од својата родна држава.
Денеска се сообраа во Штип по повод 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција.
Сите здруженија самостојно ја бијат битката за нивните права во земјите, каде што живеат. Македонците во Бугарија повторно поднеле тужби до судот во Стразбур за регистрација на македонско здружение, но како што велат со децении се вртат во круг, а одлуките се во нивна полза, но на Бугарија никој не може да и наложи да ги спроведе одлуките.
Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград кој беше отворен пред една година веќе не е на старата адреса, ја има променото локацијата.