Вести Македонија

ГОБ „8 Септември“ доби три нови сали за кардиологија и интервентна радиологија

Градската општа болница „8 Септември“ денеска доби три нови сали за кардиологија и интервентна радиологија, опремени со нови модерни ангиографи со што се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури на највисоко ниво.

Нивното користење се очекува да го намали бројот на чекања за коронарографии, каротидографии, ангиографии и стентирања.

Инсталирани се апарат за мамографија што може дневно да опслужи 60 пациенти, апарат за ултразвук, компјутерски томограф, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ графии и апарат за навигација.

Директорот на ГОБ „8 Септемри“ д-р Христијан Костов порача дека за осовременување на дијагностичките процедури во болницата набавена е најсофистицирана опрема и апаратура.

Два апарати за васкуларни и радиолошки интервентни процедури, односно ангиографи со кои значително ќе се намалат листите на чекање за коронарографии, каротидографии, периферни ангиографии, коронарни и каротидни стентирања, како и стентирањата на крвните садови на екстремитетите, рече Костов.

Додаде и дека обезбеден е и апаратот за мамографија со стереотакса, апаратот за ултразвук со висока резолуција адекватен за најразлични дијагностички процедури, компјутерски томограф од нова генерација, кој има 128-слајсен детектор, со висока резолуција и брзина, и до него дневно може да се „снимат“ повеќе од 40 пациенти во било која форма на дијагностика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе