Вести Македонија Топ вести

Спасени три лица во чамец зафатен од невреме во Дојранското езеро

Тим на граничната полиција денеска спасил три лица во чамец зафатен од невреме во Дојранското езеро.

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека утрово, околу 8:30 часот, на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме.

Како што соопштија, ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето, поради што и покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото.

Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност, потврдија од ЦУК.

Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривичeн го одобри едниот обвинителниот акт за случајот поврзан со Онкологија- другиот за економското работење се оценува

Дејан Дејан

Пораст на врсничкото насилство во пост ковид периодот, покажа статистиката на МОН

Дејан Дејан

За основците само прва смена, од прво до петто одделение целодневна настава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе