Вести Македонија Топ вести

Македонија нема да добие подобар предлог, ЕУ нема да го промени ставот – Ќучук пред дебатата во македонското Собрание

Северна Македонија е наш сосед и стратегиски интерес на Бугарија треба да биде цел Балкан во НАТО и Европската Унија (ЕУ), порача бугарскиот европратеник и известувач за Македонија од Европскиот парламент, Илхан Ќучук во интервју за бугарското државно радио во пресрет на денешната дебата во македонското собрание за уставните измени.

Тој нагласи оти ЕУ нема да го смени ставот, ниту ќе има подобар предлог за Македонија. Ќучук уверува дека никој не поставува дополнителни услови.

„Нема да има промена на ставот на ЕУ. Ниту има желба, ниту пак, Европската комисија и Советот на ЕУ на неколку месеци пред европските избори ќе се занимаваат со промена на правилата.
Правилата се такви, договорени се и сите треба да ги почитуваат. Второ, нема да има подобар предлог, бидејќи овој е најдобриот. Никој не поставува дополнителни услови. И, ова не е никаков бугарски диктат, туку европски правила кои Северна Македонија мора да ги следи“, истакна Ќучук.

Според него, изборот е исклучиво на Македонија, а ако ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страна на европеизација на Македонија, одговорноста е на партијата. Но, предупредува, за жал, тоа ќе го запре патот на земјава кон ЕУ и тоа на подолго време. Ќучук уште додава дека сосема реално е Албанија да биде одвоена од Македонија, а причините за неуспех треба да се бараат единствено во Скопје.

„Треба да има јасен политички сигнал, односно обединети напори од сите. Дебатата може и треба да биде тешка кога се говори за внатрешнополитичките прашања, но за столбовите на интеграцијата, НАТО и ЕУ, односно за цивилизацискиот избор на државата, треба да има единствен став – следење на стратешките приоритети. Таков е и бугарскиот пример“, изјави Ќучук.

Притоа потсетува дека условите не се бугарски, туку европски и дека за нив се согласиле и Софија и Скопје. Во однос на историските прашања, вели дека политичарите не треба да се мешаат во историјата.

„Историјата треба да им се остави на историчарите, а политичарите треба да гледаат во иднината. Денешните политички елити од двете земји имаат за решавање многу поинакви работи како бизнис релациите, културата, образованието. Значи се што треба да бие направено за да можат двете држави да бидат поблиски, имајќи го предвид заедничкото минато за да можат да бараат заедничка иднина во рамките на ЕУ“, вели Ќучук.

Тој признава дека се присутни тензии меѓу двете земји, а многуте работи што се направени можат да бидат избришани со еден вандалски чин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Примирје е можно во Газа во рок од една недела, тврди Трамп

Дејан Дејан

Самоубиствен напад во пакистан, најмалку 16 загинати војници

Дејан Дејан

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе