Вести Македонија Топ вести

Да не ја заборавиме улогата на науката во спречување на можните епидемии, вели професор Џаџовски за Телма

За сега се уште нема детектирано крлеж со вирусот на Конго-кримска хеморагична треска, покажуваат досегашните истражувања на тимот од Факултетот за ветеринарна медицина во регионот на село Кучица од каде беше 27 годишната штипјанка која почина од оваа болест по каснување од крлеж. Биле испитувани три стада, каде се собрани 25 до 30 крлежи кои се негативни на овој вирус.  Сепак за да ги продолжат своите истражувања на терен по вчерашниот состанок со Комисијата за заразни болести тие чекаат зелено светло од Владата. Според професор Џаџовски вирусот на Конго-кримска хеморагична треска е присутен со години наназад на цела територија на Македонија, тоа го покажуваат и серолошките студии кај добитокот и дивите животни.

  • За да се направи едно истражување, собирање на крлежи на цела територија, нивна идентификација и детекција за вирусот на Конго-кримска хеморагична треска, предлогот е даден, побарани се финансиски средства односно помош за да се реализира, тоа треба да се види сега на Влада и доколку се одобри таа програма може да стартува и до крајот на летото, почеток на есента би имале конкретни резултати. Тие истражување би покажале доколку имаме ширење на овој патоген тип на други подрачја да се делува превентивно- проф. д-р Игор Џаџовски, Факултет за ветеринарна медицина.

Во подрачјата во кои има случаи на Конго-кримска хеморагична треска во Велес и Штип е потребна пообемна анализа и кога би се детектирал вирусот би имало и поконкретни мерки во тие подрачја.

  • Ние не можеме да ја добиеме борбата со крлежите, тие не можат да бидат истребени, да исчезнат и со тоа да го решиме проблемот. Ќе покажат и анализите крлежите многу лесно се пренесуваат од подрачје во подрачје преку птици кои што прелетуваат, преселни птици, потоа трговија со животни кои со себе може да носат крлежи, така што една популација може да дојде во контакт со вирусот преку едно такво пренесување на инфициран крлеж кој што понатаму ќе го шири вирусот- проф. д-р Игор Џаџовски, Факултет за ветеринарна медицина.

Нема простор за паника затоа што не станува збор за болест која се шири со толку голем интензитет, додава Џаџовски.

Во меѓувреме како што информираат од Инфективната клиника стабилна е состојбата на двајцата пациенти, 42 годишниот маж од Велес и болничарката која пројави симптоми на Конго – кримска хеморагична треска. Во моментов под лекарски надзор се единаесет лица.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Кремљ: Европските санкции нема да ја принудат Русија на преговори

Дејан Дејан

Украина се повлече од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе