Вести Свет Топ вести

Чести тепања и електрошокови – тортура врз украинските заробеници во Таганрог

Чести тепања и електрошокови, врз украинските заробеници, во затвор во југозападна Русија била спроведувана тортура што е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право. Тие раскажуваат за физичко и психичко малтретирање со изнуда на лажни признанија, кои врз нив го вршеле руските офицери и чувари.

Затворот во Таганрог, град во југозападна Русија е место каде украинските заробеници, велат дека биле подложени на тортура. Чести тепања по бубрезите и градите, електрошокови при секојдневните испрашувања со цел да се изнудат лажни признанија, кои би се користеле како докази во судењата против нив. Заробениците постојано биле оставани недоволно ухранети, а повредените не добивале соодветна медицинска помош, извештаите за починатите притвореници се нецелосни.

Во сведоштва собирани со недели, десетина поранешни затвореници ослободени при размена на затвореници, за Би-Би-Си раскажуваат за наводно физичко и психичко малтретирале во истражниот затвор број два, во градот Таганрог, за ова сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.

Руската влада не дозволува посета на објектот од страна на Обединетите нации и Меѓународниот црвен крст. Руското Министерство за одбрана предходно негираше дека имало мачење или малтретирање заробеници.

Според групите за човекови права, размената на затвореници меѓу Украина и Русија е ретко дипломатско средство во војната, нешто повеќе од 2.500 Украинци се ослободени од почетокот на конфликтот, а се верува дека околу 10.000 заробеници се уште се во руските затвори.

Украинскиот омбуцман Дмитро Лубинец, вклучен во преговорите за размена на заробеници со Москва, вели дека девет од 10 поранешни затвореници тврдат дека биле мачени додека биле во руско заробеништво.

Со врзани очи и врзани за рацете еден за друг, како „човечка стоногалка“ со часови патувале без да знаат каде ги носат – „Здраво момци. Знаете ли каде сте? Ќе скапете овде до крајот на животот“- ова бил првиот поздрав по пристигнувањето во Таганрог. Раскажува Артем Середниак, кој бил раководел со снајперски вод во полкот Азов, главната воена сила во Мариупол. Токму тоа го направило клучна мета на затворскиот персонал, бил одвоен од другите, соблечен во долна облека, бил испрашуван турнат на подот, со главата свртена надолу и постојани електрошокови во грбот, препоните и вратот. Вака од него се барало признание за неговата улога во војската и за задачите што ги извршувал.

Во мај минатата година, додека Мариупол беше под руска опсада, украинските власти им наредија на стотици војници кои беа задржани во челичарницата Азовстал да се предадат. Середниак беше меѓу последните евакуирани. Прво, бил одведен во објект во Оленивка, село во Доњецк, а неколку месеци подоцна бил испратен во затворот во Таганрог, во руската погранична област Ростов, на околу 120 километри источно од Мариупол.

Деновиве семејствата на бранителите на Мариупол, кои беа убиени или приведени им оддадоа почит на своите најблиски. Нивните мајки раскажуваат дека иако некои од нив излегле живи од Азовстал, никогаш не се вратиле дома.

  • Излезе цел и неповреден. Да, беше слаб, со брада, неизбричен, во парталави панталони, но излезе, беше жив. Но, не се врати дома и никогаш нема да се врати, вели Наталија Пашниук, мајка на убиениот бранител на Мариупол.

На импровизираниот споменик жени низ солзи ги остваат на земја портретите на убиените синови и сопружи, бранители на Мариупол. Тука е и Јулија со својата керќа кои до фотографијата на татко и го стави украинското знаме.

  • Тие го бранеа Мариупол повеќе од 80 дена. Тие ги повлекоа сите руски војници кон себе, за во исто време, другите да можат да ги вратат териториите на Украина. Затоа, ние немаме право да заборавиме на нив, на оние момци кои се бореле, сега треба да се бориме за нив, за враќање на ранетите и за почитување на споменот на загинатите, вели Јулија, сопруга на убиен бранител на Мариупол.

Околу 700 членови на баталјонот Азов остануваат во заробеништво, вклучително и повредени војници по експлозијата во затворот Оленивка. За нив нема информации повеќе од една година. Русија и Украина меѓусебно се обвинија за нападот, а двете страни велат дека нападот бил однапред смислен во обид да се прикријат злосторствата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе