Вести Свет Топ вести

Евакуација за 240.000 луѓе, откажани 900 летови – Јапонија на удар на тајфунот Лан

Тајфунот Лан денеска го погоди јужниот дел на јапонската префектура Вакајама, а поради силниот ветар и дождот наредена е евакуација на 240.000 луѓе. Откажани се речиси 900 летови, а десетици илјади домови останаа без електрична енергија.

Во градот Нара во централна Јапонија, неколку лица се полесно повредени во силниот ветер. Тајфунот Лан го погоди јужниот дел на префектурата Вакајама, околу 400 километри југозападно од Токио, носејќи обилни дождови во поголемиот дел од централна и западна Јапонија.

Властите издадоа предупредувања за поплави и лизгање на земјиштето и соопштија дека формирале центри за евакуација во 11 префектури. Тајфунот и силниот дожд доведоа и до затворање на одредени патишта и прекинување на десетици железнички линии.

Тајфунот Лан доаѓа неколку дена откако тајфунот Канун ја погоди Јапонија. Без електрична енергија останаа речиси 90.000 домаќинства во централна и западна Јапонија. Тајфунот Лан достигна брзина од 150 километри на час и се предвидува утре да стигне до Јапонското Море, а потоа да се движи кон север.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе