Вести Македонија

МЗ: Нема исплатено ни денар за модуларните амбуланти во Скопје

Министерството за здравство (МЗ) и министерот Фатмир Меџити со поддршка за истражувачкото новинарство, слободата на говорот и јавното мислење, бидејќи, како што се нагласува во соопштението од институцијата, тоа е одлика на секое слободно и демократско општество, какво што е и нашето. Притоа додаваат дека во целост соработувале и ќе соработуваат со сите институции во врска со судските постапки во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Во тој контекст, МЗ во целост ги демантира и ги отфрла како невистина наводите кои се шират на социјалните мрежи дека од страна на министерството има исплатено пари за модуларните објекти на Здравствен дом Скопје.

„Ова е апсолутна невистина. Министерот Меџити со стапување на функцијата во МЗ се заложи за откочување на сите постапки, процедури и проекти, кои една година беа заглавени од претходното раководство на МЗ. Една од постапките беше и изградбата на скопските модуларни амбуланти. Една година претходното раководство на МЗ не дало никаков одговор на компанијата која ги правеше објектите, во врска со таа постапка, како би се избегнале судски постапки за кои отштета би се платила од буџетот, односно од парите на граѓаните. МЗ изготви информација до Влада од каде се чека одговор од неколку институции дали МЗ треба да ги исплати трите направени амбуланти, од планираните 10 со што би се избегнало плаќање на затезни камати и отштета. Оваа постапка се уште не е завршена и од страна на МЗ самоиницијативно нема исплатено ниту денар за модуларните објекти. МЗ работи согласно законот и пред се ги штити граѓаните и нивните права“, стои во соопштението на министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе